Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33

Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид, 21, Попова Шапка, 17, Kрушево, 16, Битола, 15, Скопје-Петровец, 13, Ѓуриште, 12, Крива Паланка, 11, Прилеп, 9, Претор и Велес, 8, Гевгелија, 7, Берово и Тополчани, 6, Виница и Струмица, 4, Штип, 3, Кавадарци и Демир Капија, 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе, 4 во Kрушево, 5 во Тетово и Прилеп, 6 во Скопје-Петровец, Велес, Крива Паланка, Охрид, Претор и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Кавадарци, 8 во Виница и Струмица, 10 во Штип, Демир Капија и Гевгелија.
УХМР за денеска најави променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). На планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
