АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
АДКОМ и Регулаторната комисија за енергетика, пред претставниците на УО на ЗЕЛС, во кој членуваат градоначалници на општините и град Скопје, ја презентираа иницијативата за измена на постапката за утврдување на тарифите за водни услуги, со цел решението на Регулаторот да биде конечен и обврзувачки акт, за да се обезбеди финансиска одржливост на ЈКП-ја. Во моментот, најголем дел од претпријатијата буквално „се дават“ во долгови, акумулирани од високи сметки за електрична енергија, производена, но нефактурирана вода и тарифи кои не ги покриваат реалните трошоци, што води до блокирани сметки и неможност за рентабилно функционирање.
- Добивме информација за барањата на директорите, од АДКОМ кон Регулаторна за регулирање на цената, со што би се тргнал товарот од градоначалниците и советите, но не и дека би се тргнала контролата, е сериозна точка за размислување за која ние како членови на УО на ЗЕЛС сериозни би разговарале околу разгледувањето и поддршката на оваа иницијатива, изјави Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица и член на УО на ЗЕЛС
- Ова барање и иницијатива на АДКОМ секако ќе биде разгледана на седница на УО на ЗЕЛС, изјави Дејан Митески, градоначалник на општина Аеродром и член на УО на ЗЕЛС
- Доколку насоките и објаснувањата што ги добивме се целисходни и ќе донесат добробит на ЈКП-ја, со сериозни анализи, доколку тоа е решението, најверојатно може да следи и позитивен одговор, додаде Стаменкова
Општините се основачи на комуналните претпријатија и мора да постои кохерентна врска во усогласувањето на ставовите и дефинирање на заедничките чекори за подобрување на правната, финансиската и инвестициската стабилност на секторот.
- Постојат повеќе механизми. Еден од тие механизми е зголемување на наплатата за услугата која ја даваат кон граѓаните, рационалност во трошењето, исто така е многу важно, додаде Митески
Беа презентирани активностите на АДКОМ во делот лобирање и застапување, како и клучните наоди и препораки за формализирање на сопственоста и регистрација на основните средства на јавните комунални претпријатија, со јасно дефинирање на општините како нивни сопственици.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
