Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
Руските власти денеска објавија дека во текот на минатата година протерале повеќе од 80,000 мигранти, што е двојно повеќе од 2023 година, во услови на построга мигрантска политика по нападот во близина на Москва минатиот март.
„Повеќе од 80,000 мигранти и лица без државјанство се протерани од Русија со судски налог“, пренесоа руските меидуми, повикувајќи се на судството.
Националноста на протераните, на кои генерално им е забранет влез на руска територија во рок од пет години, не се наведува.
Меѓутоа, огромното мнозинство мигранти во Русија доаѓаат од поранешните советски републики во Централна Азија, при што стотици илјади луѓе од Киргистан, Узбекистан и Таџикистан патуваат секоја година за да најдат работа.
По нападот на концертната сала „Крокус“ во предградието на Москва, каде што беа убиени повеќе од 140 луѓе во нападот за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, беа уапсени осомничени од Таџикистан.
Тогаш значително беа засилени полициските рации против мигрантите. Неколку руски функционери потоа дадоа антиимигрантски изјави.
Поранешниот претседател Дмитриј Медведев го критикуваше создавањето „етнички енклави“, додека неколку пратеници предложија протерување на мигрантите кои не зборуваат руски.
Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, кон средината на септември најави разгледување на дури 34 закони со кои требада се заостри миграциската политика, вклучително и да се воведе забрана за обединување на семејството, листа на забранети професии и воведување „данок на мигранти“.
На Русија, сепак, и се потребни работници поради децениската демографска криза, како и мажи за да се борат во Украина, а руското државјанство го олеснува привлекувањето на мигрантите.
Според законот потпишан од претседателот Владимир Путин, мигрантите сега имаат обврска да се регистрираат во војската или во спротивно ризикуваат да ги загубат своите руски пасоши и да бидат депортирани.
Руските власти наведуваат дека околу 10,000 такви натурализирани Руси им се придружиле на руските сили на фронтот.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините