Македонија
13. July 2025 - 16:48

Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом

Реномирани компании од Обединетото кралство работат на проектирање на новиот медецински факултет и студентскиот дом во Штип. Согласно последните информации од Владата, со британскиот договор, предвидено е најпрво да се доизгради Клинички центар, а потоа изградба на зградата на факултетот и домот за сместување на студентите. Од УГД се побарани и им се дадени насоки за потребите на наставниот процес.

- Околу 5000 метри квадратни треба да биде зградата на факултетот. Нашите барања беа да бидат опремени со најсовремени системи за симулација и дигитална презентација на физиолошките и патофизиолопките параметри. Тоа се ќе биде вклучено во најсовремена форма. Ќе има училници и нови амфитеатри. Јас вервувам дека тоа целосно ќе го промени нивото на образованието на медицинскиот факултет и сигурен сум дека ќе биде нов концепт на едукација на медицинските кадри, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД- Штип

Факултетот ќе биде на локација веднаш до Клинички центар, а во непосредна близина ќе се гради и студентскиот дом, информира Мираковски, но додава дека тоа е надвор од нивната експертиза и ќе го прават архитекти.

- Основната информација е дека ќе има 200 легла, ќе ги има сите потребни капацитети за конфор на студентите, кантини, ресторани, паркинг, се што е потребно ќе биде вклучено во проектот, изјави Мираковски

Во моментот се работи на допроектирање, со цел да се добие еден поврзан, добро уреден и корисен простор, а по завршување на постапката ќе се знае и финансиската конструкција.