Во Штип минатиот месец во три наврати се заловувани кучиња скитници, граѓаните може да пријавуваат во Општината

Општина Штип и ветеринарниот оператор од Куманово во месец јануари во три наврати има заловувано кучиња скитници низ централното градско подрачје и населбите во Штип, вели комуналниот инспектор Борче Везенков. Тој посочи дека само последниот пат се заловени седум бездомни кучиња. Везенков апелира сопствениците на домашни миленици да се грижат за нив и да не ги оставаат на улица.
-Знаете Општина Штип има оператор од Куманово кој ги заловува кучињата скитници, доаѓа и ги заловува кучињата, а исто така и по пријави на граѓани. Апел до граѓаните да не ги оставаат своите домашни кучиња, да бидат грижливи и да се грижат за нив, а не да ги оставаат на улица, вели Везенков.
Комуналниот инспектор Везенков додава дека граѓаните може да пријавуваат доколку на нивните улици или населби има кучиња скитници. Но, откако тие ќе бидат заловени од ветернираната станица - Куманово и соодветно третирани повторно се враќаат назад. Според Везенков, единствен спас е измена на Законот, со цел сопствениците на домашни миленици кои ги оставаат на улица да бидат казнети.
-Граѓаните постојано пријавуваат, ама апелот е да не се оставаат домашни кучиња на улица. Едно од решенијата кое може да биде во иднина е со промена на Законот на благосостојба на животните, каде сопствениците на кучиња ќе може да бидат казнети доколку бидат фатени нивните кучиња на улица, изјави Везенков.
МИА
Ново на Сител
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
