Во Смоларе костенијада, во Василево празијада
Со околу половина тон костени жителите на селото Смоларе денеска ги пречекаа стотиците посетители кои дојдоа на деветиот по ред фестивал посветен на смоларскиот костен. Гостите кои дојдоа од скоро сите краеви на државата, но и од соседството освен со печени костени ги почестија и со вкусни локални специјалитети. Домакините велат годинава временските услови не биле идеални за костенот. Долгиот сушен период се одразил и на родот и на квалитетот, но препознатливиот вкус останал непроменет.
,, Оваа година беше малку по слаб немаше толку квалитет костенот бидејќи многу суша, три четири месеци не падна капка дожд.
,, Смоларскиот костен од време си е прочуен по квалитетот, мислам по благ е подобар е во однос на останатите регион.
,, Родот послабо, ама по благи се костените.
Костените годинава родија помалку, но затоа цената е многу подобра во однос на лани велат жителите на Смоларе. Годинава немале проблем и со пласманот.
,, Цените се добри. Под осумдесет денари не падна цената.
,, Цената е астрономска оваа година. Значи најлошиот костен не падна од 50 денари надолу па до 120 до 130 денари, зборувам на едро што викаме ние, на крупно , а инаку на пазар е 150 денари.
И додека во Смоларе гостите уживаа во убавините на Беласица и вкусот на смларскиот Костен во Василево се одржа десетата по ред јубилејна празијада, манифестација посветена на празот. Тука локалното население го промовираше празот која важи за една од водечките култури што се произведува во оваа општина, а понудија и околу стотина специјалитети со праз.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
