Во Собранието амандмански расправи за законите за установи за средно образование на верските заедници и за домување
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е амандманска расправа за Предлог на закон за установи за средно образование на верските заедници. Според информациите од собраниската веб - страна, поднесени се 22 амандмани.
Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество вo меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, второ читање е на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.
За Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување, исто така во второ читање, кој е на дневен ред на Комисијата за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, поднесени се два амандмана.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода