Македонија
29. December 2025 - 12:18

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините.

За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

МИА