Бизнис
3. July 2023 - 16:32

Во среда нов обид за договор на Синдикатот со Владата

Инфлацијата да биде основниот параметар за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, бара Синдикатот. Покачувањето од 14,2% би го добиле сите вработени – од нијниско до највисоко ниво, што значи за ист процент би се зголемиле примањата и на тие што земаат минималец и на претседателот на држава. Дотогаш, функционерите ќе мора да си ги вратат платите на ниво пред одлуката на Уставниот суд, односно ќе треба да ги намалат за 78%. Социоекономскиот совет заврши без успех, но со приближување на ставовите, смета Сидникатот.

„Дискусијата одеше во насока на тоа дали да се земе како параметар зголемувањето на минималната плата од 12,55 или пак колку што е зголемена просечната плата, 10,9 отсто. Решението кое ќе се случи преку општиот колективен договор мора да важи за сите подеднакво. Не може да дозволиме ние како претставници на работниците 78 отсто зголемени плати на функционерите да се зголемат за одреден процент без оглед на тоа дали е три проценти како што беше предлогот на претходната седница, шест проценти како што беше предлогот на Владата на оваа седница, или, пак, тоа што го бараме ние 14,5 отсто , 12,55 или 10,9 отсто. Нема да дозволиме функционерските плати да растат на ваков начин“, изјави Слободан Трендафилов, ССМ.

Вицепремиерот Битиќи пак се прашува – од каде излезе барањето за намалување на платите на избраните и именувани функционери? Се дискутирало која методологија за пресметка да се прифати, и според владиниот предлог – покачувањето би било над 14%.

За Синдикатот на образование спорен е периодот на транзиција, затоа што кај нив веќе има колективни договори, каде има вакви пресметки. Формулата просечна плата помножена со коефициент на сложеност е моделот кој сметаат дека терба да се приемни.

Следниот состанок на кој ќе се бара решение за зголемување на платите на административците е закажан во среда. Ќе се одржи во Министерството за финансии, каде пресметките за покачување на платите и одржливоста на буџетот треба да им ги каже министерот Бесими.