Во Струмица почнува најстарата ликовна колонија на Балканот
Стартува 56 – то издание на меѓународната струмичка ликовна колонија. 15 ликовни творци од десетина држави меѓу кои Македонија, САД, Русија, Грција, Бугарија, Полска и Србија ќе бидат дел од најстарата ликовна колонија на Балканот. За време на 12- те дена колку е предвидено да трае колонијата се очекува да бидат создадени околу педесетина нови дела во повеќе различни ликовни техники со кои ќе се збогати големата збирка која веќе брои над 2600 дела.
,,Меѓународната струмичка ликовна колонија на сите уметници им нуди една голема слобода во изразување, не ги врзуваме тематски туку ги оставаме како кога сликаат кај нив дома во атеље исто и тука да се чувствуваат слободни што е и суштината на уметноста, во слободата. Колку се послободни толку се и по креативни . Така да 15 ликовни творци ќе творат, ќе создаваат и ќе остават дела кои ќе го збогатат фондот на колонијата за уште повеќе.,, вели Александар Филев - Уметничка галерија Струмица.
По 26 – ти пат во рамки на колонијата ќе работи и студиото за мозаик. За старт на колонијата е предвидена изложба со цртежи и графики кои во изминатиот половина век во Струмица ги создале едни од најзначајните имиња на македонската ,но и светската ликовна уметност.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
