Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб

Дуња Марковиќ (2), девојчето кое вчера исчезна во српскиот град Уб е пронајдена утринава во тешка состојба, со премрзнатини, но благодарение на навремената интервенција на Планинарската спасувачка служба се очекува добро да закрепне.
Дејан Шевковиќ, припадник на Планинарската спасувачка служба, кој ја пронашол Дуња, деталите од потрагата ги споделил за српски „Блиц“.
„Дуња имаше многу смрзнатини. Беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро. Беше сама, на нива покрај мал поток, лежеше во природа“, изјави Шевковиќ.
Тој истакна дека е мала веројатноста детето да стигне толку далеку, но не ја исклучи можноста.
„Ова е навистина далеку и многу е мала веројатноста дека детето би дошло вака далеку, но не е исклучено дека би можело да дојде толку далеку.
На прашањето како реагирала Дуња кога ги видела, Шевковиќ одговорил:
„Беше навистина зашеметена, не знаеше што се случува. Плачеше“.
Зборувајќи за слични искуства, Шевковиќ истакна дека Планинската спасувачка служба веќе извршила слични потраги, вклучително и потрагата по Данка Илиќ во Бор.
„Имавме многу слични искуства, ја баравме и Данка во Бор. Постојано се подготвуваме. Вложуваме многу во тој тренинг за подготовките и еве, конечно, добиваме добри резултати“, заклучи Шевковиќ.
Малата Дуња била пронајдена во свесна и комуникативна состојба и веднаш била пренесена на преглед во болница.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
