Македонија
23. January 2026 - 18:45

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско

Во СВР Велес синоќа било  пријавено дека во 19:45 часот на Детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестогодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат попладнево од СВР Велес.

По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.