Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест

Четиринаесет луѓе синоќа беа уапсени во Виена пред финалето на Избор на песна за Евровизија поради учество во пропалестински протест во близина на настанот.
Според полицијата, приведените учествувале во непријавен протест поради учеството на Израел на Евровизија и ја прекршиле забраната за носење маски за лице.
Демонстрантите се собраа на скалите од главната Градска библиотека, извикувајќи слогани и држејќи транспаренти. Откако полицијата растера една група, набрзо на истото место се појави друга група. Библиотеката се наоѓа на метростаница во близина на виенската Штадхале, каде што се одржуваше Евровизија.
Претходно во Виена протестираа неколку илјади луѓе поради учеството на Израел. Според полицијата, протестот поминал мирно, без сериозни инциденти и без апсења.
Победник на овогодишната Евровизија е бугарската пејачка Дара со песната Бангаранга.
МИА
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
