Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години

Археолози открија ретка монументална мермерна статуа стара 2.500 години за време на ископувањата кај древниот град Сардис, во западна Турција, објави „Туркие тудеј“.
Споменикот, висок 2,2 метри, прикажува млад човек во стоечка положба и се верува дека датира меѓу 470 и 450 година пр.н.е. - време кога градот Сардис бил стратешка точка на Персиското Царство. Наодот е откриен во два дела, поставени со лицето надолу.
Научниците забележаа дека новооткриената статуа го комбинира класичниот уметнички стил што се развил околу Егејското Море со лидиските традиции во облекувањето и визуелниот израз, нагласувајќи дека големината на уметничкото дела и неговата состојба го прават редок пример меѓу раните монументални скулптури пронајдени во Средоземјето.
Во соопштението, турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој го опиша откритието како „уникатно откритие коешто ќе фрли нова светлина врз археологијата“ во Анадолија, наведувајќи ја монументалната големина, добро зачуваната состојба и необичните детали.
Откако ќе завршат чистењето, научната анализа и реставраторските работи на новооткриената статуа, таа ќе биде изложена во музејот во градот Маниса.
МИА
Ново на Сител
-

Четврта Ајвaријада во општина Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
