Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.
Како што соопштуваат од МВР, пријавата во Полициската станица Гевгелија е регистрирана вчера во 18:33 часот, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“. Повреденото лице веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
-На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди - стои во соопштението.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиското Одделение за внатрешни работи (ОВР).
МИА
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
