Бизнис
16. јуни 2023 - 16:31

Вработените во Царина на протест, ако нема решние ќе ги затворат граничните премини

Исплата на додатокот на плата во висина од 30%, бараат вработените во Царинската Управа. Незадоволни од ниските примања и непочитување на законските одредби, точно на пладне, излегоа на предупредувачки протест. Велат дека не бараат зголемување на платите, туку само она што законски им следува.

За време на протестот излезе и првиот цариник, Богоев, кој ги повика синдикалните претставници, да го запознаат со барањата. Вели дека само 24 часа е на функција, побара разбирање од нив и им вети дека ќе разговара со министерот за финансии Бесими.

Ако не им се зголемат платите, не се исклучува можноста од радикализација на протестите, односно спуштање на рампите на граничните премини.

Во меѓувреме, втор ден протестираат и вработените во УЈП, кои бараат покачување од 30%. Своите работни задачи не ги извршуваат од 10 до 12 часот. Синдикатот денеска поднел известување за штрајк до работодавачот и предог за помирување до Министерството за труд. Ако не им се исполната барањата – за две недела почнуваат со генерален штрјк. Револтот кај двете институции настана откако почетокот на годинива само вработените во Министерството за финансии добија зголемување на платите за 30%. Во исто време, министерот Бесими им пораа дека системско, а не парцијално решение е клуч за надминување на проблемот со ниските плати во администрацијата. Тоа, според него, ќе се постигне со потпишување на новиот колективен договор, на кој се уште се работи.