Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи

Временските услови во изминатите денови, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, беа поволни за некои житни култури кои се во фаза на никнење како што е пченицата, велат агрометеоролозите. Според нив, врнежите во овој период се многу значајни, посебно количеството на влага, што е услов за ртење и никнување на семето.
- Освен влажноста, и температурата има големо влијание за поникнувањето. Пченицата во некои региони е во фаза на никнење. Ртењето на семето треба да се одвива во поволни температурни услови. Најдобри се оптималните температури кои се движат од 20 до 35 степени. Поникнувањата на житата трае 5 до 35 дена, објаснуваат агрометеоролозите.
Во тек е и собирањето на оделни градинарски култури, а поголем дел од овошните видови се во фаза на општо паѓање на листовите.
- Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Викендов времето е стабилно, суво и тивко, во утринските часови со појава на магла во одредени котлини. Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Се препорачува земјоделците да применуваат правилни агротехнички мерки, да ги снабдуваат културите со потребните количества хранливи материи со што се зголемува отпорноста кон зимскиот мраз и да применуваат сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики кој одговара на стандардите, најдобро од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба, истакнуваат агрометеоролозите.
Дополнуваат и дека треба да се употребува квалитетно ѓубриво.
- Доколку временските услови дозволуваат, добро е да се продолжи и со другите агротехнички мерки, како и да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и на другите конструкции. Потребно е и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и да се преземат мерки за заштита од нив, велат агрометеоролозите од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
