Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко

Врнежите од дожд од снег ги полнат хидроакумулациите во Струмичко, од кои, заради сушниот период лани, во сезоната на наводнување имаше распоред за пуштање вода од по три дена за повеќе атари во регионот, а годинава нема да има проблеми за земјоделците.
Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Томе Спасов,врнежите ги полнат акумулациите, а неколкуте помали веќе преливаат.
- Според мерењата во најголемата акумулација „Турија“ имаме 27,3 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони. Во „Водоча“ се измерени 11,1 милиони кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода, информираше Спасов.
Додава дека за претстојната сезона за наводнување на посевите добро е што и помалите акумулации „Новоселка“, „Чаушица“, „Иловица“ и „Маркова река“ се целосно наполнети,а од последните врнежи веќе и прелеваат.
Инаку, за споредба лани во ноември во „Турија“ имало собрано 11,1 милиони кубни метри, а во „Водоча“ 9 милиони кубни метри вода.
Од акумулацијата „Турија“ со вода за пиење се снабдуваат градот Струмица и повеќе населени места. Тие годишно трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење.
МИА
Ново на Сител
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
