Македонија
24. October 2023 - 21:16

Втор вооружен напад врз Штекли во Ист Гејт Мол, во тешка состојба и неговиот придружник

Двајца тешко повредени во пукање среде бел ден во трговскиот центар Ист гејт. Едниот е префрлен во клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски и се бори за живот. Другиот, пак, со сериозни повреди е пренесен на лекување во Клиничкиот центар.

Неофицијално, се пукало кон Раде Штекли и негов пријател, на ескалаторот кој води кон паркингот во трговскиот. Снимка од надзорните камери покажува дека лице облечено во бел дуксер и со капче стрела во нив додека тие се беспомошни да избегаат оти стојат на подвижните скали. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите.

Засега нема информации за уапсени лица.

Трговскиот беше експресно евакуиран, а по увидот на полицијата повторно отворен за работа.

Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите.“, велат од Ист Гејт.

Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде таргет на пукање.

Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило.