Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
Данската армија соопшти дека синоќа повторно се забележани дронови над воените објекти поради што се ангажирани дополнителни капацитети.
Во соопштението од данската армија не се наведува над кои локации се забележани беспилотните летала ниту пак нивниот број.
Втор ден по ред над воените бази во Данска надлетуваат неидентификувани дронови. Претходно, во текот на неделата беа забележани беспилотни летала над воздухопловната база Скридструп и касарната Холстебро.
Во Копенхаген од утре до 2 октомври ќе се одржи Седмиот Самит на Европската политичка заедница на кој ќе присуствуваат шефови на држави и на влади, а НАТО го испрати германскиот воен брод „ФГС Хамбург“ во главниот град на Данска, со цел да го засили надзорот во Балтичко Море.
Поради Самитот воздушниот простор над цела Данска од утре до 3 октомври ќе биде затворен за цивилните дронови.
МИА
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза