-->
-->
За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-->

По повод Успението на Пресвета Богородица во петок (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.
Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.
Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.
-Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!!! - посочуваат од сестринството во Манастирот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
