За два месеца комуналните инспектори во Струмица изрекле 19 казни за согорување отпад
Согорување на комуналниот отпад е најчестиот прекршок што го го прват граѓаните во Струмица со што директно учествуваат во загадувањето на воздухот. 24 часовните дежурства и вонредните инспекциски надзори кои кои ги прават овластените комунални инспектори покажале дека е зачестено палењето и согорувањето на комунален , цврст и отпад од стари моторни возила на јавни површини и неизградено градежно земјиште .Само за два месеци колку што траат и мерките за вонредно постапување мобилните тимови извршиле 33 надзори при што биле изречени 19 прекршочни санкции. Во повеќе случаи инспекторите делувале превентивно и спречиле согорување на комуналниот отпад.
,, Во 14 случаи е делувано превентивно, односно е спречено палење и согорување на отпад на јавни површини и во неизградено градежно земјиште. Во истиот период од страна на овластениот инспектор за животна средина извршени се 11 вонредни контроли кај правни лица кои поради природата на индустриската дејност која ја вршат, вршат емисија на ПМ 10 честички од самиот процес на производство. При вршењето на тие вонредни надзори од страна на овластениот инспектор во неколку случаи е дадено решение за вршење на дополнителни мерења.,, вели Љупчо Ташевски, овластен комунален инспектор.
Овластените комунални инспектори најавуваат дека 24 часовните контроли ќе продолжат во континуитет и затоа апелираат до граѓаните, наместо да го палат отпадот да го пријават до надлежните.
,, Отпадот кој не можат да го одложат на соодветно место да го пријават дали во комуналното претријатие, дали во нашата служба за истиот да биде отстранет соодветно за да не се случува оваа појава.,, вели Ташевски.
Од одделението за инспекциски работи во општина Струмица информираа дека нивни мобилни тимови биле активни на терен и пред насоките за вонредно постапување кои беа дадени на почетокот од ноември од страна на владата. Во претходните три квартали од минатата година биле изречени 29 прекршочни санкции против физички лица за недозволено согорување на комунален отпад.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
