За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
Седум независни канидати за градоначалници се пријавени во општините од Истокот и неколку независни листи за coветници за престојните Локални избори. Двaјца независни кандидати влегуваат во трка за градоначалничката фотелја во Кочани, а по еден пријавен независен кандидат има во Пробиштип, Македонска Каменица, Свети Николе, Чешиново – Облешево и Виница.
Во истите општини има поднесено и независни листи за советници. Дополнително се чека во дел од оштините политичките партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да предложат свои кандидати и свои советнички листи. Во Кочани најголемите партии се уште не ги истакнуваат имињата кои ќе влезат во трка за прв човек на општината.
Штип, како најголема општина на Истокот, засега останува без независни кандидати за градоначалник, идентично како и Општина Зрновци, каде се познати имињата на кандидатите од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Локалните избори се закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 11 општини од источниот плански регион, каде право на глас имаат близу 180 000 избирачи.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар