За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
Полициската статистика потврдува дека за осум месеци по албанските патишта, бројот на сообраќајни несреќи е помал, споредно со истиот период минатата година, но на загубените животи е поголем за 30 лица.
Во периодот јануари-август регистрирани се 961 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 138, тешко се повредени 149, а полесно двојно повеќе. Во истиот период минатата година, се регистрирани 1.086 несреќи, со 100 жртви и 131 тешко повредени.
Меѓу главните причини за сериозни несреќи се возење над дозволената брзина, погрешното престигнување и употребата на мобилен телефон или алкохол и дрога при возење.
Додава дека билансот со 138 жртви од сообраќајни несреќи треба да послужи како аларм за властите, но и за секој возач и учесник во сообраќајот да ги гледа патиштата не само како асфалт и семафори, туку како терен каде што мора да се движите почитувајќи ги прописите и правила.
МИА
Ново на Сител
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот