Заев на средба со земјоделците од општина Конче
Поддршката на земјоделците е еден од главните приоритети на владата порача премиерот Зоран Заев од трибината со тутунопроизводителите од Конче. За време на денешната средба на која присуствуваше и министерот за земјоделие Љупчо Николовски, земјоделците беа запознаени со сите мерки и активности кои владата ги презема со цел подобрување на нивната положба. Премиерот Заев ги информираше тутунопроизводителите и за планираното зголемување на субвенциите на тутунот кое се надева дека ќе придонесе и за поголем квалитет на производството , а со тоа и поголем приход за семејствата кои се занимаваат со оваа дејност.
Министерот Николовски најави дека од сега земјоделците субвенциите ќе ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, односно пред почетокот на производствената сезона.
Заев го изрази задоволството од големиот интерес што земјоделците го покажале за оваа средба и можноста на директен начин да се разговара со нив. Од Конче тој упати апел и до сите минситри во владата и директорите на институциите да ја користат секоја прилика да бидат што поблиску до граѓаните и преку директни и непосредни контакти да се разговара, но и да се најде решение за сите проблеми со кои тие се соочуваат.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
