Македонија
4. January 2020 - 16:57

Заев очекува конструктивност од министрите од опозицијата во техничката Влада и фер избори

Претседателот на СДСМ Зоран Заев очекува конструктивност од  новата влада.  Верува дека и новите министри и заменици кои доаѓаат од редовите на опозицијата ќе ја вршат нивната работа совесно  и професионално.Според Заев просперитетот и прогресот кој го имала државата требало да се искористи за да се унапреди растежот  и затоа биле важен секој ден, недела и месец. За новиот владин состав најважната задача била спроведување слободни и фер избори.

Во наредниот месец,  Заев очекува конструктивност и во парламентот. Вели имало околу педесетина законски процеси кои биле започнати и за кои верува дека низ дискусија и дебата сите ќе бидат донесени затоа што биле подеднакво важни за граѓаните.

Заев додава дека без се се може,  но ги потсети пратениците дека имаат одговорност пред граѓаните. Носењето на законите кои веќе биле во процедура ќе значело дека ниту еден започнат процес нема да застане.