Бизнис
24. April 2023 - 12:19

Замрзнатите цени не се решение на долг рок

Растот на домашното земјоделско производство продуцира пад на цените на одделни рано градинарски производи. Краставиците и кромидот се продаваат по цени од 60 до 70 денари, што е за 40 % пониска во споредба од пред Велигден. Сепак, доматот и понатаму се продава по цена од 100 до 120 денари и не се почитува одлуката за замрзнување на цената на 95 денари за килограм. Според економистите, мерките на краток рок може да имаат некаков ефект, но на долг рок се неприменливи.

  • Пазарот се регулира со понуда и побарувачка. Според мене, најдобро ќе беше да државата изнајде начини и мерки да ја зголеми понудата и поради зголемената понуда цените сами по себе ќе паѓаат или ќе се задржеа на постојното ниво- изјави Глигор Ивановски, економист.

Околу 80 % од производите на зелените пазари доаѓаат од увоз, зашто домашното производство е дефицитарно, а дел оди и за извоз. 

  • Целта на државата до некаде има логика, бидејќи таа сакаше да ја замрзне маржата на трговците, а не приходот на земјоделците. Меѓутоа, тешко е со трговците да се мудрува, тие се секогаш подготвени да најдат начини да го забиколат тој државен интевенционизам, зашто ова е интервенција на државата во услови на пазарна економија- додаде Ивановски

Инспекцискиот надзор покажа дека дел од трговските правни лица не се придржуваат кон мерките на замрзување на цените, а од министерствто за економија најавија дека деновиве ќе бидат објавени нивните имиња.