Македонија
11. August 2023 - 16:42

Запален автомобил во Штип

Продолжува праксата на палење на автомобили во Штип. Рано наутро околу 4 часот, на булевар ЈНА во штипската населба 8-ми ноември, запалено е возило „фолксваген тигуан“ со германска национална ознака, сопсвеност на 35 годишен штипјанец. Од пожарот биле зафатени и патничките возила „опел инсигниа“ и „тојота јарис“ и двете со штипски регистарски таблички. Благодарение на брзата интервензија на против пожарната единица запалените автомобили за кратко време се изгасени. Жителите на околните згради не сакаа да коментираат за причините за опожарувањето.

- Најдобра информација ќе ви дадат сопствениците.

- Слушнавме и видовме што е изгорено, но не знееме кое време се случило. 

- Немам коментар зашто немам никакви сознанија.

Пред не полн месец беше опожарено возилото во сопственост на началникот на СВР- Штип.