Македонија
17. July 2023 - 16:41

Запален автомобилот на началаникот на СВР Штип

Запалено возилото „Ауди А3“ сопственот на началникот на штипскиот сектор за внатрешни работи. Од СВР потврдуват дека во 3 часот граѓанин пријавил дека гори автомобил паркиран на улицата „Ванчо Китанов“ во штипската населба Сењак. Екипи на притив пожарната единица итно реагирале, го изгасиле пожарот и не дозволиле огнот да ги зафати околните возила. Ова не е прв пат во Штип да се опожаруваат возила на функционери. Пред 4 години имаше серија на палежи, за што министерот за внатрешни работи при последната посета на СВР –Штип, одговарајќи на новинарско прашање, до каде е со истрагите, истакна дека, за вакви кривични дела многу тешко се обезбедуваат докази.

  • Тие истраги се отворени. За сите за кои се изнајдоа докази, без разлика дали се работи за подрачјето на СВР –Штип или во другите сектори за внтарешни работи се изведоа пред лицето на правдата. Меѓутоа, за тие за коишто не можеме да обезбедиме конкретни докази се уште трае криминалистичката обработка, така што, немаме завршено со сите тие случаи коишто се случија- изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Истрагата треба да покаже дали се работи за самозапалување на возилото или пак за намерно подметнат пожар.