Македонија
14. October 2026 - 16:39

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто

Два тони овошје и зеленчук утринава се запленети на зелениот пазар во Ченто во  инспекциска контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат.

Контролата била насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет.

- При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет и нештетно уништена, а надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности, изјави Оливер Миланов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Директорот на АХВ најави дека ќе продолжат со спроведување на засилени инспекциски контроли, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.

Од Агенцијата апелират до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната и посочуваат декка безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на АХВ.