Затворени гласачките места во Брвеница

Во 19 часот вечерва се затворени избирачките места во Брвеница каде жителите од десетте населени места во опшимаа можност да гласаат за градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.
По затворањето на избирачките места, ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Гласачките места беа отворени во 7 часот. Право на глас имаа 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. Тие можеа да се изјаснат за еден од шестмината кандидати: Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).
Според Државната изборна комисија (ДИК), гласањето се одвиваше непречено, а одѕивот до 18:30 часот е 44,57 отсто.
Вчера правото на глас го искористија 85 болни и немоќни лица, како и седум лица кои се на издржување казна затвор или пртивор.
ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. ОИК првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ИО и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, се повторува целата изборна постапка.
Функцијата вршител на должноста градоначалник на Брвеница во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.
МИА
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
