Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
Во затворот во Струмица е уреден простор со детски играчки и реквизити, наменет за најмладите посетители кои доаѓаат да ги видат своите родители и членови на семејството кои издржуваат затворска казна.
Како што информираат од Управата за извршување на санкции, иницијативата произлегла од барањата на родителите и нивните семејства, кои укажале на потребата од посебно катче за децата за време на посетите.
Со поставувањето на детските реквизити и играчки, од установата настојуваат да создадат попријатна атмосфера за најмладите и да им овозможат посодржаен престој додека ги посетуваат своите најблиски.

Од Управата посочуваат дека активностите се дел од континуираното уредување и оплеменување на дворната површина на затворот, со цел подобрување на условите и за осудените лица и за нивните посетители.
Во реализацијата на иницијативата поддршка дал и кошаркарскиот клуб АБА Струмица, на кој Управата му упати благодарност за придонесот во уредувањето на детското катче.
Ново на Сител
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
-

По падот на Вучиќ - политички реакции во Македонија, проверки и апсења во Србија
-

Железничка несреќа во Шпанија, над 60 загинати
-

Приоритетен интернет и на преполни концерти
-

Денеска се избира наследникот на Ислам Абази
-

Почнува амандманската распава за ребалансот на Буџетот – поднесени над 120 амандмани
