Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи.
Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (двајца кандидати), Могила, Новаци (двајца кандидати), Гостивар, Демир Хисар (четворица кандидати) и за Градот Скопје.
За листа на советници потписи се собираат во Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола (две листи за советници), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.
Рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори е до 13 септември.
До 11 септември, пак, е рокот за увид во Избирачкиот список во сите подрачни канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија (ДИК). Исто така во тек е и пријавувањето за набљудување и известување од изборите.
МИА
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива