-->
-->
Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
-->
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Планот за победа е сега да се запре Русија и да се спречи да ја повтори својата агресија.
Тој, на заедничката прес-конференција со финскиот колега Александар Стуб во Киев, посочи дека „безбедносните гаранции можат да се воведат по завршување на војната, иако најверојатно нешто може да се направи и пред тоа“.
– Денес нашите безбедносни гаранции се засновани на принципите – силна украинска армија, присуство на европските колеги, американскиот „бекстоп“, санкции и реконструкција. Мојот план имаше сличен модел, но беше заснован на тоа што сега треба да се направи, без да се чека крај на војната, а потоа Русите ќе ја завршат оваа војна, наведе Зеленски.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава