Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека гаранциите за безбедност на неговата земја веројатно ќе бидат изготвени во рок од десет дена.
– Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп, рече Зеленски, по синоќешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и со европските лидери.
Тој истакна дека прашањето за евентуални територијални отстапки, какви што бара Русија, ќе биде „тема која ќе ја оставиме за разговор меѓу мене и Путин“.
Досега Зеленски бараше прекин на огнот како предуслов за средба со рускиот претседател, но вчера изјави дека условите може да го забават процесот. – Ако Украина постави услови, Русија ќе направи исто. Затоа мислам дека треба да се сретнеме без претходни услови и да видиме каков напредок може да постигнеме кон крајот на војната, нагласи украинскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа