-->
-->
Зеленски го потпиша договорот за економско партнерство со САД
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се ратификува економскиот партнерски договор меѓу Украина и САД.
Статусот на законот, кој беше синоќа објавен на онлајн порталот на Врховната Рада, парламентот на Украина, е ажуриран, наведувајќи дека е вратен со потпис на Зеленски.
Парламентот го ратификуваше договорот на 8 мај. Зеленски го опиша како „историски документ кој отвора нова етапа во нашите односи“.
Договорот, потпишан на 30 април во Вашингтон, вклучува заеднички инвестициски фонд за поддршка на реконструкцијата на Украина.
Финансирањето делумно ќе се обезбедува од приходите од експлоатација на природни ресурси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили