-->
-->
Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да донесат „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара, по руските напади во Киев и регионот, во кои беа убиени најмалку 14 лица.
„Од исклучителна важност е светот — на прво место САД и нашите европски партнери — да излезе од самитот во Анкара со јасни и цврсти одлуки за поддршка на нашата противвоздушна одбрана и така да го заштити животот на обичните луѓе“, напиша на Фејсбук украинскиот претседател.
Според последните податоци на украинските власти, само во нападите врз Киев загинаа најмалку 11 лица.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
