Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека украинските трупи веќе неколку дена регистрираат сериозни пречки во воениот сателитски систем „Ѕвезден штит“ (Starshield) над територијата на Украина, по целата линија на фронтот и во привремено окупираните области.
Зеленски излезе со објавата откако добил извештаи од министерот за одбрана, Јевгениј Хмара, и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.
Како што изјави, станува збор за систематско ограничување на брзината од 161 километар на час.
„Украинската армија веќе ги истражи околностите и не станува збор за случајни грешки, туку за систематски ограничувања на брзината. За нас, ова првенствено значи дека пресретнувањето на руски беспилотни летала со млазен погон е многу потешко. За жал, веќе имало напади што поминале бидејќи нашите системи за пресретнување не можат да достигнат доволна брзина и не успеваат да ги пресретнат навреме“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател предупреди дека оваа ситуација директно им користи на руските сили.
„За жал, ова им помага на Русите да убиваат повеќе Украинци и да извршуваат попрецизни напади врз Украина. Се обидуваме да ги утврдиме сите околности со американската страна“, додаде Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
