Зеленски за Трамп: Да го нарекуваш Путин пријател е како да го нарекуваш пријател Хитлер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е „невообичаено“ што американскиот претседател Доналд Трамп го нарече рускиот лидер Владимир Путин „свој пријател“, споредувајќи го тоа со именување на Адолф Хитлер за пријател во текот на Втората светска војна.
Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски рече дека Трамп ќе одлучи што ќе зборува или објавува, но смета дека е „чудно“ да го нарекува Путин пријател.
„Тој е агресор… и убиец. Тој не може да биде пријател“, рече тој, зборувајќи на англиски јазик.
„Исто е како некој за време на Втората светска војна да каже дека Хитлер бил добар пријател. Не, тој не е пријател“, ја направи споредбата украинскиот претседател.
Зеленски го изјави ова една недела откако Трамп се изрази на овој начин на самитот во Кина. А, неколку дена подоцна, Трамп објави на својата платформа Truth Social фотографија од двајцата како се ракуваат, со опис: „Мој пријател“.
Двајцата политичари се судрија откако Трамп рече дека украинските напади врз руските рафинерии се виновни за високите цени на енергенсите и се закани дека ќе ја прекине поддршката од разузнавањето, додека Зеленски тврдеше дека ставот на Трамп ја охрабрува Русија да продолжи да ја напаѓа Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
