Македонија
25. July 2023 - 19:47

Земјоделците од Штип и од Карбинци најавуват протест поради проблемите со наводување

После вчерашниот протест на Овчеполци, заради недостаток на вода за наводнување, денеска и земјоделците од Штипско-Карбинскиот регион се пожалија дека посевите со ориз им се сушат. Причина, според нив, е тоа што вода има, но некаде се губи во системот за наводнување, а тие не можат да воспостават комуникација со надлежните.

- Бараме под нај итно да дојдат од водостопанство и да си преземат мерки да има вода во доволни количини. Браната е полна, ама проблемот е што тие не можат да ја донесат до нивите- изјави Павле Ѓоргиев, земјоделеце до с. Крупиште, Карбинско.

- Светиниколчани изгореа, сега ние сме на ред да изгориме. На 15-ти ни ја запреа водата, па ни ја пуштија на 20-ти, течеше како од чешма и сега ние не знаеме што да правиме. Ни кажаа дека до 27-ми ќе нема вода. Се ќе изгори, а ние почнавме да се караме сами  меѓу себе- изјави Ѓорѓи Гоцевски, земјоделец од долни Балван, Штипско.

На револтираните оризопроизводители, но и на земјоделците кои имаат свои посеви со пченка, детелина и други поледелски култури, поддршка им даде и градоначалникот на општина Карбинци.

- Се работи за површина од над 1000 хектари која во моментот трпи за вода. Полињата се суви, а восонбдителниот систем кој АД Водостопанство треба да го менаџира, односно, да го оддржува пред секоја сезона е во една катастрофална состојба - изјави Виктор Паунов, градоначалник на О. Карбинци.

Доколку проблемот не се реши во најбрз можен рок, земјоделците се заканија со масовни протести и блокада на магистралниот пат Штип-Кочани.