Македонија
9. January 2026 - 16:41

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба

Околу 300 прегледи на пациенти со симптоми на грип и 12 хоспитализирани поради компликации од вирусот бележат на Клиниката за инфективни болести после Нова година. Неколкумина кои се на болничко лекување се на кислородна подршка, а едно лице е на интензивна нега во потешка состојба и е на апарати за дишење.

- Тоа се претежно пациенти со хронични заболувања и кај кои е потребно хоспитално лекување. Повеќето се во потешка клиничка слика, еден е со потешка клиничка слика и е на интензивна нега, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

Хоспитализираните пациенти се на возраст од 18 до 65 години и не биле вакцинирани против грип.

- Кога се отежнива клиничката слика тогаш се освестуваме колку значи имунизацијата против грип. Претежно се пациенти кои не се вакцинирани против грип и затоа можеби потешко го поминуваат грипот и некои завршуваат и со многу потешка клиничка слика, посочува д- р Фадил Цана.

Директорот на Инфективна очекува и наредниот период да се зголемува бројот на пациенти со компликации од грип бидејќи пикот допрва доаѓа.