Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
Железничкиот сообраќај во Црна Гора е во прекин поради штрајк на диспечерите на возови, кои бараат повисоки плати.
Прекинот на железничкиот сообраќај официјално започна вчера кога меѓународниот воз од Белград пристигна на перонот во Подгорица. Возот остана таму, по што патниците беа испратени во автобуси за да го продолжат своето патување. Најголемиот проблем, сепак, е за оние патници чии автомобили останаа во вагоните.
Раководството на Железничката инфраструктура на Црна Гора (ЖИЦГ) соопшти дека оние кои го прекинуваат железничкиот сообраќај вршат саботажа, дека штрајкот има друга позадина и дека некои од работниците ќе бидат кривично одговорни. Тие исто така нагласија дека се подготвени за дијалог со работниците, но не и за уцена, и оти веќе се разговара за повисоки плати со репрезентативните синдикати.
Министерството за транспорт на Црна Гора вчера објави дека е дополнително загрижено од наводите дека одредени малцински акционери стојат зад организацијата на нелегалното запирање на сообраќајот.
– Очекуваме надлежните органи, пред сè Државното обвинителство, целосно да ги истражат овие информации и да ги утврдат сите одговорни за денешниот настан и материјалната штета предизвикана од нелегалното запирање на сообраќајот, соопшти министерството.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош