Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година

До 2030 година, Бугарија и Северна Македонија ќе го завршат железничкото поврзување. Тоа било истакнато на состанокот во бугарското Министерство за транспорт и врски меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски Корман Исмаилов и македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за транспорт.
По ратификацијата на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел, од страна на парламентите на двете држави, следната фаза е формирање на Заеднички комитет, предводен од замениците на министрите за транспорт, кој ќе ја координира подготовката, изградбата и идното работење на објектот, пренесува БТА.
Според соопштението, министерката Исмаилов го нагласила забрзаното темпо со кое бугарската страна работи на модернизацијата на железничката линија Софија - Перник - Радомир - Ѓуешево. Амбасадорката Руси Поповска, пак, потенцирала дека соработката меѓу институциите на двете земји е важен предуслов за непречено спроведување на проектот.
Договорот за прекуграничниот железнички тунел, беше потпишан на 6 ноември 2025 година во Ѓуешево. Следуваше ратификација во македонското Собрание во декември лани, а месецов и во бугарското Собрание.
Првата од трите делници на македонска територија за железничкото поврзување со Бугарија, пуштена е првата, Куманово-Бељаковце, а на втората Бељаковце-Крива Паланка, во должина од 34 километри, завршени се над 30 проценти од работите и неодамна беше пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те.
За третата делница, од Крива Паланка до бугарската граница, во септември лани со одлука на Владата се ефектуираше Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра од Европската инвестициска банка, за изработка на нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач. Третата делница е во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничниот, како и 52 моста.
Бугарската Национална компанија за железничка инфраструктура веќе објави тендер за проектирање и изградба нова железничка траса од Ѓуешево до границата со државава во должина од 2,4 километри, единствената делница што недостасува од железничкиот Коридор 8 на бугарска територија, како и за модернизација на 17 - километарската делница од Перник до Радомир.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
