Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
Вчера попладне во 16:45 часот во село Кошани, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци, ја лишиле од слобода В.В.(34) од село Бегниште, кавадаречко, поради сомнение дека околу 14:00 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште – село Кошани, запалила стари предмети.
-Пожарот се проширил и зафатил родни дрва нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41) и З.П.(45), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74) од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“, информираа од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи