-->
-->
Жена од Русија го убила сопругот, се скарале за ручекот
-->

Русин со животот плати една своја забелешка дека неговата сопруга не се справува добро во кујнатa. Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.
Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.
Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.
Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
