-->
-->
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-->
Во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка синоќа во 21:15 часот пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14 илјади евра.
Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција.
Како што било пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен
Од СВР Велес со најава дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти