-->
-->
ЗНАМ ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата
-->

На седница на партискиот Централен одбор, ЗНАМ - За наша Македонија ги утврдила кандидатите за двајца заменици министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство.
Како што соопшти портпаролот на партијата Никола Мемов на прес-конференција, за кандидат за заменик-министер за енергетика е предложен Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротехника, роден 1982.
За кандидат за заменик-министер за дигитална трансформација од УО на ЗНАМ е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски, магистер по економски науки, роден 1987 година.
Партијата на Максим Димитриевски во новата Влада има две министерски места – Горан Минчев е министер за јавна администрација и Игор Филков – министер за правда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
