Македонија
5. January 2022 - 21:23

Зошто градоначалникот на Штип не можеше да го посети првото новороденче?

Не е скандал, туку режирана престава, вели првиот човек на штипска клиничка Ален Георгијев за вчерашниот немил настан кога не му беше дозволен влез на градоначалникот на акушерското одделение, за да ги врачи подароците на првороденото бебе. Георгијев тврди дека Јорданов ги прескокнал сите инстанци и без најава се појавил пред вратата на акушерско, неполни 3 и пол часа по породувањето.

-По укажување на гинеколозите, нај ран термин за посета на родилката беше вчера во доцните попладневни или вечерни часови. Кога конечно во 13.00 часот се слушнав со госпоѓа од кабинетот на градоначалникот и посочив дека терминот во кои тие најавиле дека ќе дојдат, 13.30 е премногу рано и понудив било кој термин вчера, доцна попладне, вечерта, денес рано наутро или во текот на денот, ние сме овде, подготвени да ги пречекаме како што е редот, како што доликува и достоинствено да го одбележиме раѓањето на првото бебе- изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка Болница-Штип.

Градоначалникот вчера уверуваше дека сепак добил одобрение.

-Добивме согласност од дежурниот гинеколог и од родилката да ја направиме посетата- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Георгијев истакна дека по 13.30 не успеал да стапи во контакт со кабинетот и останува на ставот дека неговата постапка е од чисто здравствени причини.-Можеме да имаме пракси, можеме да имаме функции, но здравјето на родилката е над се, и прес се-додаде Георгијев

Најважно е што родилката и новороденчето се во одлична здравствена состојба, а од вчера вечер Штип ја доби и првата принова во новата година.