Зверев од понеделник прв пат во кариерата на чело на АТП ранг-листата

Откако вечерва победи во осминафиналето на турнирот во Виена, германскиот тенисер Александар Зверев в понеделник ќе се искачи на врвот на АТП ранкингот, прв пат во својата кариера.
Зверев го обезбеди првото место на новата ранг-листа со пласманот во четвртфиналето на турнирот од серијата 500 во австриската престолнина, совладувајќи Холанѓанецот Талон Грикспор со 6:4, 7:5.
„Ова е нешто многу посебно. Чувството да се биде на врвот на светот е неверојатно. Различно е од освојување на турнир или титула, но прекрасно е чувството да знаеш дека бројот еден ќе биде до твоето име кога ќе излезат новите рангирања“, рече Зверев, кој е првиот Германец на челото на АТП рангирањето по Борис Бекер во 1991 година.
Со 29 години и шест месеци, Зверев ќе стане вториот највозрасен тенисер кој го достигнал првото место во светот за прв пат во својата кариера.
Само Австралијанецот Џон Њукомб беше повозрасен од него, искачувајќи се на врвот на АТП ранг-листата на 30 годишна возраст во 1974 година, една година откако беа воведени АТП рангирањата.
Зверев оваа сезона имаше импресивни настапи на грен слем турнирите, освојувајќи ги своите први две големи титули на Ролан Гарос и на Ју Ес Опен, а играше во финалето на Вимблдон и во полуфиналето на Австралија Опен.
МИА
Ново на Сител
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
