10.000 евра потребни за нов апарат за земање биопсија во одделението за урологија обезбедени од донации
Апарат за земање на биопсија со помош на ехо на простата е новата донација за одделението за урологија при штипската Клиничка болница. Со ова се пополни еден важен сегмент од ланецот на дијагностиката на болестите на простата кај мажите, што е голем бенефит за пациентите од истокот на земјата.
- Овој дел до сега не се работеше во Клиничка болница Штип. Од првиот преглед, од земање на биопсија, потврдување на дијагнозата и евентуален оперативен третман, значи сите тие постапки и чекори кои се предвидени за болестите на простата кај мажите ќе бидат завршени овде- изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница - Штип
- Ќе ни биде од голема важност за навремено откривање на карциномот на простата кај мажите и соодветен третман на истиот- изјави д-р Влатко Филипов, уролог
- Големо значење има за пациентите. Ќе им се скратат сите маки за одење во Скопје, што значи ова е работа која се вршеше само на скопските клиники од следните денови ќе започне да се врши и во Штип, д-р Благој Здравев, уролог
Ова е трета донација на Ротари клубот –Штип, во соработка со локалната бизнис заедница, во вредност од над 10 000 евра. Претходно помогнаа во уредување на болнички соби и во набавка на заштитна медицинска опрема.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар